Пендаровски во посета на општина Пустец

Претседателот на државата Стево Пендаровски во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска,  престојува во еднодневна работна посета на Албанија, во општините Пустец и Подградец.

Пендаровски во Пустец  е пречекан од неговиот албански колега Бајрам Бегај и градоначалникот Пали Колефски.

Шефот на државата  присуствуваше на културно-уметничка програма во изведба на уметници од Пустец, по што оствари средба со локалните власти и ја посети  црквата Св.„Архангел Михаил“.

Во агендата е и посета на училиштето во оваа општина по што се најавени изјави за медиуми од двајцата претседатели.

Шефот на државата  ќе го посети и селото Голомбок и ќе се сретне со претставници на Здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, а подоцна ќе замине во Поградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.