Пендаровски во Њујорк се сретна со поранешнот американски амбасадор Бејли

Поранешниот амбасадор на САД, Џес Бејли, во Њујорк оствари средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Искусниот дипломат за прв пат формално се сретнува со македонски политичар по две и пол години откако си замина од Македонија.

„Во Њујорк се сретнав со поранешниот американски амбасадор во нашата држава, Џес Бејли. Разговаравме за актуелните состојби во Северна Македонија и за случувањата во поширокиот регион“, напиша Пендаровски .

Шефот на државата, кој во Њујорк престојува на Генералното собрание на ОН, му се заблагодарил на Бејли за континуираната поддршка што ја добива Македонија од САД.

Бејли одигра клучна улога како амбасадор на САД во надминувањето на политичката криза во Македонија пред и по парламентарните избори во 2016 година и доаѓањето на власт на СДСМ, а од земјата замина во март 2019 година.