Пендаровски: Вон памет е потпишување нов договор со Бугарија

Вон памет е некаков нов договор од веќе потпишаниот договор за соработка и добрососедство помеѓу двете држави или некој амандман на тој договор. Тоа што сме потпишале и ние и тие треба да го реализираме. Ова е ставот на шефот на државата Стево Пендаровски во интервју за Телма, за информацијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека Захариева му пренела на Османи, Софија и Скопје да потпишат нов договор според кој би требало во уставот да коригираме и да стои дека македонската нација и јазик настанале по 1945 година.

-Јас таква информација немам – рече Пендаровски.

Тој рече дека соминистерот за надворешни работи  Бујар Османи, се слушнал завчера кога се вратил од Софија и вчера повторно и дека Османи не му спомнал никакви сет на предлози, дека Софија предлага да потпишеме дека ќе го смениме Уставот и ќе ставиме дека како нација и јазик постоиме од 1945 па наваму.

– Нема такво нешто, мислам на некаков договор –рече Пендаровски и додаде дека заедничките комисии ќе се состанат утре и задутре во Скопје околу расчистување на историски несогласности кои Македонија и Бугарија ги имаат со децении.