Пендаровски:Знаењето на бизнис заедницата да се искористи во преговарачкиот процес

Бизнис заедницата целосно да се вклучи и да се искористи нејзиното знаење и капацитет во претстојниот преговарачки процес со ЕУ, повика денеска претседателот на државата Стево Пендаровски на работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и со потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората.
– Историски битен факт за нашата земја е тоа што сме на самиот праг да се зачлениме во НАТО алијансата. За разлика од многумина кои мислат дека станува збор само за организација што се грижи за безбедноста и без какви било последици во останатите области, јас не се согласувам. Не постои ниту една држава во светот која има добра економија, која не е асоцирана во поголемите организации од овој тип, особено не во Европа. И оние земји кои не се формално членки од ЕУ, како што е Швајцарија, тие се дел со серија потпишани договори децении наназад се дел од европскиот заеднички пазар, сметајте како да се членки на ЕУ, рече Пендаровски.