Пендаровски, зошто ја пцуеш мајка Македонија?

Иако деновиве сум подалеку од јавноста, ама не можам, а да не го искажам своето негодување, како и сите кои си ја сакаат Македонија.

Го слушам Пендаровски, со неговиот гнасен говор и со поддршката за францускиот предлог. Со ваквата гнасотија и твоите искази Ти ја пцуеш МАЈКА МАКЕДОНИЈА! Тоа нема никој да ти го заборави. Македонија се срами од тебе, од твоите недоквакани изјави. Што мене ништо не ме изненадува од тебе.

Од далеку се слушаат гласовите на мојот братучет Кирил Манчевски, на Сариевски, Мајовците, Сирма Војвода… да се сочува македонското. Тоа го бара Пендаровски и твојата мајка. Но ти, ја пцуеш МАЈКА МАКЕДОНИЈА, ја понижуваш, пцуеш по војводите, партизаните… Срам си за Македонија!.

До тебе не допира гласот на народот кој кажува НЕ за францускиот договор. А, ти кажуваш што недоликува на претседател. Кој ти не го заслужуваш.

Пендаровски, твоите „експерти“ те водат во ќор сокак. Каде се европските вредности? Ги нема во тој француски договор. Се исполнети сите бугарски барања.

Пендаровски, дали имаш слух и чувство што говорат македонските експерти кои ги третираат европските интеграции или што говори МАНУ и други институции? Што говори поранешниот евроамбасадор Фуере и други?

Немаш слух и чувство. Тоа е веќе проблем на кој што треба да проговорат психијатриските експерти.

А, она што не плашат дека ако не помине овој катастрофален француски договор, ќе сме немале јадење, ќе имало меѓуетнички конфликт и слично. Плашење за мали деца. Овие од Власта и Пендаровски одете си! Час поскоро.

Македонија, издржала и ќе издржи. Сите заедно без разлика на партиска и верска припадност да се обединиме. Само за мајка Македонија!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес