Пенетиер му раскина на Кличко

Поранешниот светски шампион во бокс, Украинецот Владимир Кличко (41) и холивудската актерка Хајден Пенетиер (28) по девет години повеќе не се заедно, пишува Е News.

Двојката не беше официјално во брак, но нивната љубов не беше спорна па пред три години се роди нивната ќерка Каја. Се чинеше дека меѓу нив е се во ред, а прет ри месеци беа „уловни“  на плажите на Барбадос.

Како што пишува Е News, во тек се преговори за заедничката старателство над нивната ќерка.

Хајден и Владимир се уште се во добри односи и пријателски расположени. Ќе останат еден на друг значаен дел од животот. Хејден се врати во Лос Анџелес и сака во мир да размисли како ќе го продолжи својот живот, пишува весникот.

Двојката беше интересна и затоа што секогаш предизвикувале внимание, Кличко е висок 199 сантиметри, а Хајден е пониска 49 сантиметри.
Оваа вест во американските медиуми дојде еден ден откако папараците ја фатија Хајден како се држи за раце со  непознат и убав маж.