Пенков: Земјоделците нема да можат да преживеат со новиот начин на субвенционирање предложен од Владата

Она што се случува во Собранието или предлогот за реконструкција на Владата е класично пазарење, оцени Златко Пенков,  пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата за разрешување на замениците министри рече дека

„Имаме класичен пристап на пазарење за тоа како да се остане подолго на власт. Премиерот побара од нас конструктивна дебата, а за тоа е потребно да има две страни, но премиерот не сака ни да слуша“, вели Пенков.

Ресорите каде се менуваат замениците се ресори кои се многу актуелни, но со негативен предзнак.

„Она што ние го говориме дека има вистинска пиар машинерија денеска се потврди како точно. Или потрошени 26 илјади евра за спонзорирани постови, а работат 36 лица во две смени. И се поставува прашањето дали е успешно ова. Се покажува дека не, бидејќи анкетите кои се направени во јавноста покажуваат дека води ВМРО-ДПМНЕ. Значи пиар-от е неуспешен и парите за џабе се потрошени“, рече Пенков.

Во земјоделието, рече Пенков, само се зборува за реформи, но не се прави ништо.

„Направено е само препишувањето на начинот на субвенционирањето кое е воведено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, сега со новиот начин на субвенционирање кое го предлага оваа Влада, прво аванс од 30 проценти, потоа 70 проценти земјоделците нема да можат да го преживеат“, посочи Пенков.