Пенс тврди дека Трамп раговарал со Ердоган и барал моментално примирје

© AP Photo / John Minchillo

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави во понеделникот дека пратседателот Доналд Трамп разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и побарал моментално примирје во северна Сирија.

„Соединетите држави не ѝ дадоа зелено светло на Турција да ја нападне Сирија“, изјави Пенс за новинарите пред Белата куќа.

Американскиот министер за финансии Стивен Мначин, кој ги придружуваше Пенс, рече дека неговото министерство презема економски мерки против турските министерства и високи функционери на турската влада, како одговор на турската воена операција во Сирија.

Турција минатата седмица започна воена операција на североистокот од Сирија против курдската милиција која ја поддржуваат САД и другите западни земји поради нејзиното учество на теренот во борбите против џихадистичката групација Исламска држава. Офанзивата дојде по разговорите меѓу Трамп и Ердоган, и откако американскиот претседател одлучи да повлече педесетина американски војници од две локации на северот од Сирија кои сега се под удар на турската армија.