Пенс вели дека Иран бара од сојузничките милиции да не ги напаѓаат САД

Американскиот потпретседател Мајк Пенс тврди дека Иран бара од своите сојузнички шиитски милиции во регионот да не ги напаѓаат американските цели.

„Добиваме охрабрувачки разизнавачки информации дека Иран за тоа дека Иран испраќа сигнали до милициите да не ги напаѓаат американскиет цели и цивилите“, рече Пенс во интервју за CBS.

Притоа американскиот потпретседател не изнесе поединости во поткрепа на своето тврдење.

Пенс, исто така, вели дека верува оти Американците се побезбедни денес откако претседателот Доналд Трамп нареди напад во кој загина Касим Сулејмани.

Во споменатото интервју рече дека Американците можат да бидат мирни благодарение на раководството на претседателот Трамп, како и големиот професионализам што го покажа американската војска во последните неколку недели.

„И покрај иранскиот напад врз нашите бази, поради подготвеноста на нашата војска, нема жртви, ниту меѓу Американците, ниту Ирачаните. Ние се занимаваме со земја која повеќе од 20 години е водечки државен спонзор на тероризмот. Ние ќе продолжиме да бидеме подготвени и ќе продолжиме да се спротивставуваме на Иран начин кој го направи Трамп“, рече Пенс.

Како и Трамп, потпретседателот Пенс истакна дека САД не бараат промена на режимот во Иран, туку промена во однесувањето на Техеран.