Пентагон го потврди неуспешниот тест на интерконтинентален проектил

Американското министерство за одбрана соопшти во средата за неуспешно пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета „Minuteman III“ за време на полетувањето и прецизира дека проектилот не носел боева глава и дека се води истрага за да се утврдат причините за неуспехот.

Лансирењето било изведено во воздухопловната база Ванденберг во сојузната држава Калифорнија. Целта на тестирањето било да се процени и потврди ефективноста, подготвеноста и прецизноста на овој борбен систем. Американската армија планира да го повторни пробното лансирање за да ја демонстраија ефикасноста на САД во нуклеарните воздржувања и да ги увери сојузниците на Вашингтон, се наведува во соопштението на американските воздухопловни сили.

„Се испитуваат причините за проблемите, а Командата за глобални удари на американското воено воздухопловство ја проценува можноста за одложување на пробното лансирање“, се вели во соопштението на авијацијата на САД.

Соединетите држави го тестираа интерконинтенатлниот балистички проектил (ICBM) од моделот „Minuteman III“ и во февраури од истата база, од каде американско воено воздухопловство редовно се спроведуваат пробните лансирања. Во соопштението не е прецизирано каде требало да падне ракетата, но познато е дека претходно лансираните ракети биле насочувани кон Маршаловите острови и потонале во океанот.

Класата на тристепените интерконтинентални балистички проектили „Minuteman“ беше наменета за воздружување на поранешниот Советски сојуз во текот на идеолошката Студена војна во втората половина од минатиот век. Ваквите ракети во арсеналот на американската армија беа воведени во 1970 година, а на крајот од 1978 година запре нивното производство.

Во експлоатција веќе половина век, проектилот „„Minuteman III“ е единствената ракета со копнена база во нуклеарниот арсенал на САД од 2005 година. Инсталирана е во лансирни силоси во три американски воени бази во сојузните држав Вајоминг, Северна Дакот и Монтана.

Според податоците од отворени извори, Пентагон во моментов располага со вкупно 450 проектили од типот „Minuteman III“, којашто може да погоди цели во радиус од 12.000 километри.

Нуклеарниот арсенал на САД, исто така, ги вклучува и ракетите „Trident“ кои се лансираат од море и се распоредени на американските подморници, како и нуклеарни проектили на стратешките бомбардери.