Пентагон ја обвини иранската Гарда за напади врз танкерите

Американското министерство за одбрана во петокот ја обвини иранската Гарда на чуварите на исламската револуција (IRGC) дека директно е одговорна за саботажите на танкерите во водите на Обединетите Арапски Емирати на почетокот од мај, велејќи дека тоа е „дел од кампањата“ на Техеран која го поттикнува распоредувањето на новите американски сили во регионот.

Два саудиски нафтени танкера се значително оштетени во „саботажата“ во водите недалеку од брегот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), објави на 13-ти мај саудискиот министер за енергетика, Калид ал-Фалих. Двата танкера биле на пат за пристаништето Рас Танура во Персискиот залив, каде што требало да бидат натоварени со нафта во неделата утрото, кога биле нападнат недалеку од брегот на емиратот Фуџајра, рече министерот на Саудиска Арабија во соопштение кое го пренесе официјалната саудиска новинска агенција.

Ден претходно саудиското министерство за надворешни работи соопшти дека четири комерцијални бродови кои пловеле под знамиња на различни земји биле цел во инцидент недалеку од емиратот Фуџајра, како и дека го истражуваат меѓународни агенции. Иранското министерство за надворешни работитогаш оцени дека станува збор за „загрижувачки и страшен“ инцидент, и повика на итно спроведување истрага.

„Нападите врз бродовите во Фуџајра ѝ ги припишуваме на иранската Револуционерна гарда“, изјави во петокот контра-адмиралот Мајкл Гилдеј, шеф на здружениот воен штаб. Додаде дека Пентагон смета оти IRGC користела ткин магнетни мини. Одбил да одговори на новинарско прашања како тие мини биле уппотребени.

Гилдеј ова го изјави на прес-конференција во седиштетот на Пентагон за да ги објасни плановите на Вашингтон да испратат уште 900 војници, меѓу кои и инженерци, на Блискиот исток за да ја засилат „американската одбрана“ и да го „прошират“ распоредувањето со околу 600 војници од екипажите на ракетните системи „Patriot“ кои се распоредени на најмалку седум американски воени бродови во водите околу Персискиот залив.

Вашингтон во водите на Блискиот исток пред две седмици го распореди воениот брод „USS Arlington“ со противоздушниот ракетен систем „Patriot“. Новата борбена група е испратена со седмици пред предвидениот рок, слично како и ударната група бродови на носачот на авиони „USS Abraham Lincoln“ кој е испратен во истиот регион една седмица претходно, а што треба да претставува јасна порака за Иран. Во американската воена база во Катар пред петнаесетина дена пристигнаа и бомбардерите „B-52“, објави централната американски команда CENTCOM, објаснувајќи ги потегот како одговор на наводните закани од Иран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.