Пентагон ја поздрави одлуката Македонија да ги прифати заробените борци на ИД, нејзини државјани

Седуммината џихадисти, идентификувани како македонски државјани, се вратени во земјаа под притисок на САД, пренесува агенцијата Associated Press, според којашто борците на ултрарадикалната сунтска организација Исламска држава (ИД) биле заробени на сириското боиште и со авион биле трансферирани во Скопје.

Претходно во средата, пак, македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор е работи за нивна акција во која во соработка со Глобалната коалиција апселе терористи, а од приведувањето до медиумите испратија и видео снимки. Американското Минстерство за одбрана (Пентагон) веднаш ја пофали Македонија за одлуката да ги прифати своите државјани кои како странски платеници војувале во Ирак и Сирија и ја посочи земјава како пример за борба против Исламската држава.

Американците веќе подолго време се обидуваат да ги убедат своите партнери да преземат одговорност за сопствените државјани кои се заробени на сирискот фронт. Македонија е една од ретките која прифати да го направи тоа. Пред неколку месеци, Велика Британија не дозволи враќање на двајца свои државјани борци на Исламската држава и нивно судење на своја територија. Причина е што ваквите судења се комплицирани и најчесто нема докази за сторените дела.

Инаку уапсените македонски државјани се на возраст меѓу 23 и 41 година и обвинети се за „учество во странска армија, полиција или парамилитарна формација“. Доколку бидат прогласени за виновни им се заканува затворска казна до 10 години. Според неофицијални проценки, околу 130 македонски државјани и се приклучиле на ткн. Исламска држава и учествувале во војната во Сирија. Најмалку десетмина загинале во борбите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.