Пентагон: Кинеските и руските амбиции во Вселената се закана

Како и на Земјата, Кина и Русија претставуваат најголема закана за интересите на американската бнационална безбедност во Вселената, според новиот извештај кој во вторникот го објави Одбанбената разузнавачка агенција (DIA) на САД,

Во извештајот со наслов „Предизвици во безбедноста во Вселената“ се наведува дека Кина и Русија ги зголемиле своите вселенски капацитети за речиси 70 отсто во последните две години. Тоа следива по периодот меѓу 2015 и 2018 година, кога нивните капациетоте се удвоиле.

„Тежнеењето по модернизација и зголемување на капацитетите кај двете земји се одразува во речиси сите главни категории во Вселената – сателитските комуникации, далечинското детектирање, навигацијата и демонстрациите на науките и технологиите“, се наведува во извештајот.

Двете држави се развиваат во исти две насоки, се додава во извештајот, а тоа е јакнењето на сопствените вселенски капацитет и истовременото подобрување на сопствената способност да ги осуетат напорите на САД.

Ланскиот јули Кина успешно тестирала интерконтинентален балистички проектил со хиперсонично лизгачко летало кое кружело околу Земјата во нецелосната орбита. Прелетало оддалеченост до 40.000 куломети и најдолгиот лет бил повеќе од 100 минути, што е повеќе од кое и да е кинески вооружен систем за копнен напад досега, се истакнува во американскиот извештај.

Во ноември 2021 година, пак, Русија извела тестирање на противсателитски ракети, уништувајќи еден од своите застарени сателите.

САД ги изведоа првите тестови на протисателитско оружје (ASAT) уште во 1959 година, кога сателите уште беа ретка и сосема нова технологија. Русија во април 2020 година спроведе тестирање на противсателитски проектили, откако највисоките функционери на САД и НАТО истакнаа дека Вселената ќе има сѐ поголема важност за современото војување и станува ново поле на војување. Кина такво тестирање спроведе во 2007 година врз свој метеоролошки сателит, а Индија во 2019 година собори со проектил еден од своите сателити во ниската орбита на Земјата.

Иако и Кина и Русија, за разлика од САД, имаат вселенски програми кои прават малку разлика меѓу воените и цивилните проекти, тиа имале малку поинакви пристапи за користење на Вселената за подобривање на своите борбени ефикасности, изјави Кевин Рајдер, виш аналитичар на DIA за космосот.

„Кина, поради повисоките економски предности, ги зголемла своите способности и вложила повеќе финасиски и воени напори во развојот на нови и подобри капацитети. Русија, од друга страна, е помодерна порди своите други напори вложени во модернизација на армијата“, вели Рајдер.

Но кинеските и руските амбиции не завршуваат само во орбиата на Земјата. Двете планираат мисии на Месечината, каде што би можеле да ги искористат неговите обемни природни ресурси, се наведува во американскиот извештај.

Се додава дека Кинезите имаат планови на рок од 30 години за истражувачка база на Месечината во којашто би можело да престојуваат луѓе.