Пентагон наложи носење заштитна маска на затворено

Пентагон соопшти дека ќе наложи носење заштитна маска во објектите на министерството за одбрана, односно во подрачјата каде постои сериозно зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 и трансмисија на вирусот.

Оваа одлука е донесена по советите објавени од Центарот за контрола и превенција на болести, а во врска со носење маска за вакцинирани американски граѓани, пренесува Ројтерс.