Пентагон: Не е точно пишувањето на „Волстрит журнал“ за изградба на кинеска шпионска станица во Куба

Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба.

Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет Рајдер, изјави дека не е точен извештајот на „Волстрит журнал“.

-Можам да ви кажам, врз основа на информациите што ги имаме, тоа не е точно, дека немаме информации дека Кина и Куба развиваат нов тип на шпионска станица, рече Рајдер на прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.

„Волстрит журнал“ претходно објави дека Кина и Куба постигнале таен договор за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушкување на островот и дека објектот ќе се наоѓа на околу 100 милји од Флорида.

Весникот наведува дека тоа ќе им овозможи на кинеските разузнавачки служби да пресретнуваат електронски комуникации низ југоисточниот дел на САД, каде што се наоѓаат голем број воени бази.

Кина наводно се согласила да и плати на Куба неколку милијарди долари за да почне изградбата на станицата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.