Пентагон: Помалите напади не влијаеле значително на повлекувањето од Авганистан, Ал Каеда и натаму е закана за САД

повлекувањеАмериканското министерство за одбрана соопшти во понеделникот дека „малите провокативни напади“ во Авганистан во текот на викендот немале позначително влијание врз повлекувањето на американските трупи од азиската земја и додаде дека терористичката мрежа Ал Каеда која ја имаше базата во оваа држава и натаму претставува закана за САД.

„Бевме сведоци на мали провокативни напади во текот на викендот кои немаа никакво значително влијание, сосема сигурно не на нашите луѓе или нашите тамошни ресурси и бази“, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Американските сили на 1-ви мај започнаа со повлекувањето од Авганистан, заедно со сојузниците во НАТО и партнерските земји, а претседателот Џо Бајден најави дека очекуваат довршување на операцијата до 11-ти септември, на 20-годишнината од терористичките напади во САД, кои беа дикретниот повод за инвазијата и најдолгата американска војна во историјата.

Во врвот на операциите на САД во периодот од 2010 до 2013 година бројноста на западните сили во Авганистан надминуваше 150.000 војници. Главните борбени трупи на САД и НАТО беа повлечени од Авганистан по 2014 година

Од постигнувањето на американско-талибанскиот договор пред две години за повлекувањето на американските трупи, талибаните директно не се судираа со странските сили, но исламистичките милитанти не запреа со нападите врз авганистанските безбедносните сили во руралните области и терористичките напади во урбаните средини.

Повлекувањето на странските сили, во прв ред американските, ги зголеми стравувањето меѓу Авганистанците од можното разгорување на граѓанската војна во земјата и враќање на власт на талибаните. Но претседателот Ашраф Гани инсистира дека владините сили, кои со месеци ги водеа компнените операции против талибаните, се целосно подготвени да ја контролираат ситуацијата на теренот.

Кирби на истиот редовен брифинг на барање на новинарите го коментираше изјавата на џихадистичката групација Ал Каеда дека е подготвена да води војна со САД „на сите фронтови“.

„Ја немам видено изјавата за која зборувате (…) Претседателот јасно стави на знаење дека имаме должност да продолжиме да го штитиме американскиот народ од заканата од терористичките мрежи, екстремистите кои се подготвени, способи се и сакаат да ја загрозат нашата татковина (…) Никој не мисли дека Ал Каеда исчезнала пред 10 години по операцијата којашто резултираше со ликвидацијата на Осама бин Ладен. Таа сѐ уште претставува закана, и ние сѐ уште треба да се фокусираме на неа“, истакна Кирби.

Притоа портпаролот на Пентагон оцени дека заканаа од оваа терористичка мрежа „зналително се намалила“ во последните 20 години „во однос на обемот и моќта“.

„Но оваа закана сѐ уште постои и Ал Каеда претставува закана не само за нас, туку и за напите сојузници и портнери во регионот“, заклучи Кирби.

Претходно телевизијата CNN пренесе дека претставници на Ал Каеда тврделе дека САД со започнувањето на повлекувањето на своите трупи од Авганистан фактички го признале поразот во војните во регионот.