Пентагон пренасочува тенкови на Балканот?

САД можат да го пренесат Вториот оклопен полк на Армијата од Германија во друга европска земја што е поблиску до Русија, изјавил шефот на Пентагон, Марк Еспер. Преговори се водат со Полска, Романија и Бугарија и со балтичките држави.

„По потпишувањето на договорот со Полска за соработка во одбраната, моите неодамнешни средби со министрите од Романија и Бугарија, како и писмата добиени од балтичките држави, можноста за пренесување на Вториот оклопен полк во некоја од тие земји, на трајна основа“, изјавил Еспер, говорејќи на онлајн семинар во Атлантскиот совет во Вашингтон.

Според него, овие мерки се неопходни за Алијансата со цел да се „ограничи Русија“.

Американскиот министер за одбрана ги објавил и плановите на САД да го зголемат бројот на ракети со среден и краток дострел во Европа и Азија. Според него, тоа е поврзано со зголемувањето на бројот на такви ракети во Русија и Кина, како последица на кршењето на Договорот за ликвидација на ракети од среден и краток дострел.

Администрацијата на американскиот претседател планира да повлече околу 9.500 војници од базите во Германија, вклучително и ескадрила од ловците Ф-16, што било критикувано дури и од соборците на Трамп, сметајќи го за „подарок за Русија“ и закана за американската национална безбедност.

Во моментов, Американците имаат повеќе војници во Германија отколку во која било друга земја во светот, освен Јапонија – околу 35.000. Германската база Рамштајн е логистичка точка и за американските трупи во другите бази, вклучувајќи го и Бондстил на Косово.