Пентагон распоредува 11 пресретнувачки ракети од нов тип на борбени бродови

Првиот заменик-министер за одбрана на САД, Катлин Хикс наредила трансфер на 11 пресретнувачки проектили од типот „SM-3 Block IIA“ кој до неодамна беше во фаза на развој и тестирање за нивно можно распоредување на американските борбени пловила во пацифичкиот или европскиот акваториум, пренесува во вторникот новинската агенција Bloomberg News.

Како што се наведува во извештајот, одлуката била донесена по успешните тестирања изведени ланскиот ноември, коишто покажале дека проектилите „SM-3 Block IIA“ се способни да пресретнуваат меѓуконтинентални балистички ракети (ICBM).

Во текот на спомнатите тестирања, изведени од разорувачот на американската воена морнарица „USS John Finn“, противракетниот систем со соборил ракета лансирана од атолот Кваџалејн, од Маршалските острови, имитирајќи напад од Северна Кореја врз Хаваи.

За одлуката за распоредување на проектилите „SM-3 Block IIA“ во американската морнарица, според сознанијата на Bloomberg, Хикс го известила Конгресот уште на 27-ми мај, но за тоа немало официјални изјави.

Според портпаролот на првиот заменик-министер за одбрана Џамал Браун, кого го цитира Bloomberg, „ракетите се успешно тестирани за пресретнување, а нивното распоредување претставува важен интерес на националната безбедност“ на САД. Агенцијата истакнува дека пренесувањето на пресретнувачките системи на бродовите е првата голема иницијатива на администрацијата на претедателпот Џо Бајден во сферата на противракетната одбрана.

Ракетите „SM-3 Block IIA“, чијшто развој започна во 2006 година, треба да ги замени претходните модификации „SM-3 Block IA„ и „SM-3 Block IB“. Би требало да бидат инсталирани како на бродови кој се опремени со мултификационалниот борбен информатичко-управувачки систем „Aegis“, така и на копнените мобилни противоздушни системи „Aegis Ashor“, вклучително и во базите во Романија и во Полска. Претходно, Јапонија објави подготвеност за купување на овие напредни одбранбени ракетни системи.