Пентагон: Русија има доволно капацитет на море и покрај потонувањето на „Москва“

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека инцидентот со рускиот крстосувач „Москва“ краткорочно ќе влијае на рускиот воен потенцијал на море, но дека Русија „има доволно поморски капацитет“.

Како што наведе Кирби, Русија има меѓу 10 и 20 бродови кои биле активни во Црното и Азовското Море од почетокот на операцијата во Украина, па затоа е „тешко да се каже каков точно ќе биде ефектот од онеспособувањето на „Москва“.