Пентагон тврди дека разговара со Турција за безбедна зона

Пентагон во четвртокот објави дека разговара со Турција за создавање безбедна зона на северозападот од Сирија, и покрај шефот на турската дипломатија претходно рече дека за тоа не може да се разговара додека повторно не се воспостави целосна доверба меѓу двете земји.

„Ги продолжуваме разговорите со Турција за можноста за создавање безбедни зони или како тоа сакате да го наречете“, изјави за новинарите генерал-мајорот Кенет Мекензи.

На истиот брифинг, портпаролката на Пентагон, Дана Вјато, рече дека ги видеа медиумските извештаи во кои Турција бара од САД да ги отстрани своите војници од пограничниот курдски град Манбиџ.

Анкара, којашто се закани со можен конфликт на теренот со американските војници во Сирија доколку Вашингтон продолжи да ги поддржува сириските Курди, засега не ја коментираше изјавата од Пентагон.