Пентагон тврди дека Русија не уништила шест HIMARS-a

Американскот министерство за одбрана во средата ги негираше тврдењата на руското министерство за одбрана дека од почестокот на јули досега во Украина руската војска уништила шест американски повеќекратни ракетни системи HIMARS.

Руското министерство за одбрана во понеделникот објави дака во операциите на руските војски во Украина уништени биле уште две едицини од спомнатите американски ракетни системи, и тоа во јужниот град Харков.

Руското министерство за одбрана минатата седмица објави дека во периодот од 4-ти до 20-ти јули уништени се четири ракетни лансери и едно возило за полнење на американските ракетни системи за повеќекратно лансирање (HIMARS) доставени во Украина. Уништени ракетни системи биле лоцирани во областа Красноармејск, на источната периферија на Константиновка и во областа Малотарановка, каде што руските вооружени сили уништиле два система HIMARS во еден напад, прецизира министерството.

Во вторникот руските медиуми вчера го цитираа рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој кажа дека Русија ги уништила спомантите системите HIMARS.

„Свесни сме за овие последни тврдења на министерот Шојгу и тие повторно се очигледно лажни. Она што се случува е дека Украинците со разурнувачка прецизност и ефикасност ги користат напредните ракетни системи што им ги дадоа САД, нашите сојузници и партнери за одбрана против бруталната, криминална инвазија на Русија“, тврдеше Тод Брисил, вршител на должноста портпарол на Пентагон, пренесен од британските медиуми.

Шојгу уште кажа и дека Русија од почетокот на војната во Украина уништила пет противбродски ракетни системи „Harpoon“ и 33 хаубици М777, но британските медуми не можеле да ја потврдат точноста на ваквите извештаи.

Украинските власти соопштија дека украинските сили користат околку десетина HIMARS-a, чија точност и долг дострел му овозможиле на Киев да ја намали супериорноста на руската артилерија.

Информацијата од Москва за уништувањето на другите два система HIMARS, дојде откако претходно во понеделникот од Киев објавија дека украинската армија добила уште четири единици од ракетните системи HIMARS имаат поголем дострел и се попрецизни од украинската артилерија од времето на Советскиот сојуз, што им овозможува на украинските сили да се вклучат во руски цели кои претходно биле недостапни.