Пентагон тврди дека вирусот не е создаден во лабораторија

29

Началникот на Здружениот штаб на американската армија, генерал Марк Мајли изјави дека се уште не е познато дали новиот коронавиирус потекнува од пазарите во Кина, од лабораторија или од друго место.

– Дали потекна од лабораторија во Вухан? Дали од пазарите во Вухан? Дали од некое друго место? И одговорот е: Не знаеме, изјави генерал Мајли.

Но, тој истакна дека вирусот не е дело на човекот.

И американскиот експерт за инфективни болести и член на работната група за Ковид-19 на претседателот на САД, Доналд Трамп, д-р Ентони Фаучи вчера изјави дека не постои научна основа дека новиот коронавирус е создаден во кинеска лабораторија или оти „побегнал“ од лабораторија откако бил земен од дивина.

– Ако се погледне еволуцијата на вирусот кај лилјаците и што сега се случува, научните докази укажуваат дека не станува збор за вештачка или намерна манипулација. Се за постепената еволуција апсолутно укажува дека овој вирус се развил во природата, а потоа преминал од еден на друг вид, посочи Фаучи.

Трамп и американскиот државен секретар минатата недела изјавија дека новиот коронавирус е создаден во лабораторија во Вухан.

И Светска здравствена организација тврди дека не добила никакви докази или информации со кои би се поткрепиле тврдењата дека Ковид-19 е создаден во лабораторија, како и оти доказите кои ги има СЗО укажуваат на природното потекло на Ковид-19.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.