Пентагон тврди иранскиот балистички арсенал е најголем на Блискиот исток

Иран и покрај децении меѓународни санкции, во последните години успеа да развие најпрецизни и најефикасни проектили и неговата балистичка програма е најсилна на Блискиот исток, пред Израел, се вели во извештај на Пентагон.

„Иран има огромна програма за развој на ракети и големината и софистицираноста на нејзината балистичка програма продолжуваат да напредуваат и покрај децениските напори на Западот“, наведува воената разузнавачка агенција на Пентагон, Одбранбена разузнавачка агенција (ДИА), во денешниот извештај под наслов „Воената сила на Иран“.

– Поради недостаток на современи воздушни сили, Иран распореди свои балистички ракети, вклучувајќи ракети со голем дострел, за да ги одврати непријателите од напад, изјави пред Кристијан Сондерс, воен експерт од таа разузнавачка агенција.

– Техеран има најголем број ракети на Блискиот исток и голем број ракети со краток дострел, и среден дострел што можат да погодат цели во целиот регион и до 2.000 километри, додаде тој.

За време на таа презентација, висок воен разузнавач кој не сакаше да биде именуван, рече дека во споредбата е вклучен и Израел.

Во извештајот, сепак, се додава дека меѓународните санкции наметнати на земјата влијаеле на иранскиот одбранбен капацитет. Буџетот за одбрана на Иран од 20,7 милијарди американски долари се вели дека не надминува 3,8 проценти од БДП во 2019 година, во однос на 6,1 процент во 2018 година кога изнесуваше 27,3 милијарди американски долари.