Пентагон вложува две милијарди долари во вештачка интелигенција

Истражувачката агенција на американското министерство за одбрана позната под кратенката DARPA објави во петокот дека вложила две милијарди долари во вештачка интелигенција за развој на системи кои би можеле самите да се прилагодат на новонастанатите ситуации.

Овие пари ќе ѝ овозможат на Агенцијата на министерството за одбрана за развој на новите технологии (Defense Advanced Research Projects Agency – DARPA) да финансира дваесетина веќе покренати планови и започнување на уште многу други во следните дванаесет месеци, прецизираше директорот на агенцијата, Стивен Вокер на конференција за новинарите во близина на Вашингтон.

„Овие вложувања би трбало да ги трансформираат компјутерите за да станат стручна алатка во решавањето на проблемите… Сакаме да проучиме како машините можат да стекнат комуникациски и квази-човечки способности за размислување, да препознаваат промена на ситуацијата или околината и да им се прилагодат“, појасни Вокер.

Сегашните роботи, колку и да се развиени и самостојни, не можат едноставно да се прилагодат кога ќе се појави нова технологија. Научниците сакаат тие самите да бидат способни за прилагодување. Меѓу разгледуваните апликации, DARPA го навде и забрзувањето на процесот на проверка на идентитетот.

Меѓутоа, истажувањата на споменатата агенција, коишто целосно ги финансира Пентагон, првенствено се наменети за апликации кои се користат во воени судири, како што се дронови коишто во тој случај би станувале сé поавтономни.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.