Пензиите ќе се исплатуваат од среда, а пензионерите од Еуростандард ако не отворат сметки…

585

Исплатата на пензиите и во овој месец ќе биде пред рокот, односно од  26.08.2020 година, одлучи Владата денеска. Готовинската исплата на пензиите ќе се реализира  во четири групи:

  • Во среда, на 26.08.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во четврток, на 27.08.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во понеделник, на 31.08.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во вторник, на 01.09.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Банките, според препораките на Владата, ќе треба да обезбедат дополнителна  редовна  исплата на пензиите за пензионерите кои се префрлени од Еуростандард Банка АД Скопје во другите деловни банки, со цел истите да може да располагаат со августовските пензии на 07.09.2020, 14.09.2020 и 25.09.2020 година, за оние корисници на пензиите кои досега ги користеа услугите на Еуростандард Банка АД и кои до 25 август нема да успеат да отворат трансакциони сметки во другите банки.

Владата одлучила редовната исплата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и згрижувачките семејства за август да се врши во 3 групи (во деновите 2-ри, 3-ти и 4-ти септември).

Како што соопшти владината прес-служба, дополнителнa исплата ќе се врши на 11, 18 и 25 септември, при што податоците за корисниците од банките до Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на 7, 14 и 21 септември.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.