Пензионери и вработени во неколку штипски институции добија заштитни маски

Штипските пензионери од рано утринава на пет пунктови им поделија околу 2500 заштитни маски и ракавици на членовите на Здружението на пензионери. Претседателот на Здружението, Ристе Нетков, вели дека овие маски се изработени од вредните раце на пензионерките.

-Здружението на пензионери денеска, исто така, донираше по 100 заштитни маски на Здружението на трудови инвалиди и Здружението на слепи од Штип. Оваа акција ќе продолжи и понатаму, но со апел до пензионерите да седиме дома и да го заштитеме здравјето наше и на нашите најблиски, изјави Нетков.

Директорката на градинката „Астибо“ Билјана Трајчевска информираше дека вработените од оваа градинка  изработија заштитни маски од памучен материјал и тие се  донирани.

-Донирани се 80 маски на корисниците на Народна кујна во Штип, потоа 100 во ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“  и на вработените во АД Македонска пошта – подружница Штип им  дониравме педесет, рече Трајчевска.