Пензионери се мавале со компири во автобус

Празно место –причина за тепачка меѓу пензионери во автобус на ЈСП.

Очевидци за Press24 велат дека тепачката се случила утрово на Битпазар во автобусот со број 66Б кој оди кон селото Дељадровци.

Пензионерите прво  се скарале за празно место во автобусот, по што почнале да се маваат со компири.

Најинтересно е што, раскажал очевдецот, ова не е прв пат да се случи тепачка во автобус меѓу пензионери, особено во деновите кога  за нив возењето е бесплатно.