Од оваа недела, 22.06.2014 година, пензионерите ќе добијат и четвртиот бесплатен ден за возење со автобусите на ЈСП, соопштуваат од претпријатието.
Оттаму велат дека покрај вторник, петок и сабота право на слободен превоз во недела имаат сите возрасни граѓани со навршени 62- години за жени и 64- години за мажи. Бесплатниот превоз може да го остварат со покажување на лична карта.