Пензионерите добиваат бесплатно возење и во недела

Ова се новите цени за градскиот превоз
Ова се новите цени за градскиот превоз

Веќе од следниот викенд, пензионерите ќе се возат бесплатното во автобусите на ЈСП и во недела.

Со оглед на тоа што Парламентот е веќе конституиран, не постојат веќе пречки за одлуката да почне да се применува. Пензионерите досега во автобусите на градскиот превоз во Скопје се возеа бесплатно во вторник, петок и сабота. Одлуката за „бесплатна недела“ беше донесена уште пред  изборите, но не можеше да се применува заради одредбите во Изборниот законик.

Според предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, бесплатен градски превоз ќе се овозможи и за студентите во четврток. Како што најави директорот на ЈСП, Мишо Николов, наскоро, оваа одлука  ќе се најде на дневен ред на Советот на Град Скопје, по што, доколку добие зелено светло од советниците ќе почне да се применува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.