Пензионерите го кренаа гласот против Ципрас

Илјадници грчки пензионери од целата земја учествуваа на протестен марш во Атина, пренесе Ројтерс.

Тие ги блокираа централните булевари на грчкиот главен град, барајќи „владата да им ги врати украдените пензии”.

Пензионерите, кои се единствени членови на поголемиот дел од домаќинствата со постојани приходи, поради исклучително високата невработеност во земјата, се незадоволни од фактот што нивните пензии беа намалени за околу 40 отсто од почетокот на кризата во 2009 година.

Протестите беа организирани и покрај ветувањата на властите дека ќе запрат со намалување на пензиите. Пензионерите порачаа дека нема да бидат задоволни доколку најавата испадне блеф.