Пензионерите со поддршка за Чуварите на демократијата

Со низа активности група пензионери денеска ја изразија својата поддршка во кампот на „Чуварите на демократијата“ спроти Собранието.

Инаку, пензионерите се секојдневни посетители во кампот.  Тие своето слободно време го поминуваат во кампот и им даваат поддршка на младите со кои разменуваат мислења и идеи за тоа како понатаму во животот. Денес, пензионирите играа шах и се дружеа со младите.

Искуството на пензионерите е од непроценливо значење за младите, истакна Александар Карапетров член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека енергијата ја црпат токму од пензионерите.

penz0000

-Оваа маса позади мене всушност претставува мост помеѓу енергијата на младите и помеѓу искуството на пензионреите. Ние од пензионеирите имаме секојдневно поддршка, секој ден доаѓаат пензионерите кај нас ни даваат идеи, понекогаш и критики, рече Карапетров.

Тој додаде дека агендата на „Чуварите на демократијата“ е преполна со активности, активности кои пред се произлегуваат од граѓаните.

Пензионерот Ристе Волчески вели дека често ги посетува „Чуварите на демократијата“.

000000

– На младите им даваме поддршка, идеи, како да ја сочуваат демократијата која беше градена повеќе време. Ние ја градевме како млади се боревме и новиот демократски систем треба да го зачуваме, да им помогеме на младите, вели Волчевски.

фото: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.