Пензионерка живеела сама во станот во „Скопјанка“, но ќерката не се грижела за неа

Скопјанка на возраст од 65 години сама живеела во станот во „Скопјанка“ во кој имало големо количество на користени пелени, од кои вчера почнал да испарува амонијак кој ги задушувал станарите на влезот поради што беа евакуирани, информира Минсиитерството за труд и социјална политика.

Во врска со настанот што се случи во станбената зграда во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, а по пријава на градоначалникот на град Скопје, специјалиизран тим на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје веднаш излезе на терен. Притоа, беше констатирано дека во станот живее сама 65  годишна жена. До месец јануари оваа година со неа живеела нејзината 90 годишна мајка која починала. Социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената, а во однос на социјалниот аспект констатирано е дека жената има ќерка која согласно со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно со Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот, велат од МТСП​.

Со оглед на целокупната состојба стручен тим од ЦСР Скопје од Службата за заштита на стари и возрасни лица е на терен за да обави разговор со ќерката и да и укаже на нејзините обврски согласно со Законот и остварувањето на правата од областа на социјалната заштита. ЦСР Скопје и во иднина ќе го следи случајот.

Исто така, сакаме да известиме дека во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во изминатиот период во врска со ова немало никаква пријава за постапување и излегување на терен, велат од министерството.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.