Пензионер сака да и го остави целиот свој имот на одамна загубената љубов

Херберт Рилеј, 83, британски пензионер, подели околу 10.000 летоци со цел да ја пронајде одамна загубената љубов, на која сака по својата смрт да и го остави целиот свој имот.

Херберт не разговарал со неа цели 55 години. За жал, повеќе не го знае нејзиното презиме бидејќи таа во меѓувреме се омажила.

Херберт и Рени се заљубиле еден во друг кога таа имала 20, а тој 24 години. Се запознале во 1955- та година во школа за танц. Четири пати неделно тука вежбале танцувачки чекори и еднаш неделно оделе на танцувачки вечери во големиот простор за игранка во градското собрание.

Но, по четири годишната врска Рени одеднаш се одлучила да се венча за маж кој го познавала само шест недели, а Херберт наскоро се оженил со Маргарет, која починала од леукемија во 1963 – та година.

Во раните осумдесетти Рилеј ја видел Рени неколку пати, но не разговарале. Сега повторно сака да ја пронајде, а при својата цел не штеди ниту на време, ниту на пари.