Пеп откри дека има поголеми проблеми со Кристина отколку со Робен

Предводникот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Пеп Гвардиола, откри дека неговата сопруга, Кристина, му прави далеку поголеми проблеми кога е во прашање ротацијата на фудбалерите, отколку холандскиот интернационалец Арјен Робен.

„Мојата сопруга, Кристина, често ја критикува мојата тактика, постојано ми повторува дека треба да играм со тие фудбалери кои победиле на претходниот натпревар. Не и се допаѓа системот на ротација. Искрено, многу ми е полесно да му кажам на Арјен Робен дека следниот натпревар ќе го започне од клупата за резервни фудбалери, отколку да и објаснам на мојата сопруга зошто повторно ќе го применам системот на ротација. Не постои таков тренер кој може да гарантира успех уште во првата сезона, не постои некаква магична формула”, изјави трофејниот шпански стручњак.