Пепе верува во Џејмс Родригез

Проблематичниот дефанзивец на актуелниот европски клупски шампион Реал (М), репрезентативецот на Португалија, Пепе е убеден дека последната милионска аквизиција на “кралскиот клуб”, Џејмс Родригез ќе има успешна фудбалска кариера и на “Сантијаго Бернабеу”.

За да ги осигураат услугите на најдобриот стрелец на последниот Мундијал во Бразил, репрезентативецот на Колумбија, раководните лица на Реал (М) мораа да го прифатат и да го исплатат побараното обештетување од 80 мил. евра.

Младиот играч за врска потпиша 6-годишен договор, а истиот му гарантира годишна заработувачка од 7 мил. евра.

“Тој е талентиран фудбалер. Во Порто беше одличен и се радувам што клубот успеа да го доведе во Мадрид, каде што ќе може да слави титули“, изјави централниот дефанзивец.