„Пепелашка“ – нова балетска премиера на Националната опера и балет

На сцената на Националната опера и балет на 19 ноември премиерно ќе биде изведена балетската претстава „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, која е најновата балетска продукција на оваа национална културна установа.

По повод премиерата денеска во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи прес-конференција на која ќе присуствува авторскиот тим.

Станува збор за современиот балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, кој првпат се поставува на сцената на Националната опера и балет.

Балетската премиера „Пепелашка“ e закажна за 19 и 25 ноември со почеток во 19:00 часот.