Перцепција

Критериумите за што и како ќе се пишува во медиумите и покрај привидот на демократијата и слободата се заострува последниве години. Едноставно, геостратешкото распоредување не трпи многу слободњачки керефеки, оти е непотребна прекувремена работа да се мајтапиш кој квази-слободњак за чиј интерес пишува. Слободата е само збор и ништо повеќе, но што таа имлицира е она што ни ја создава врската со неа, исто како љубовта.

Ако Ајнштајн инсистира дека време-простор е неразделно едно од друго, така во општествената апстракција слобода-љубов е во потполно иста конотација. Не можеш да говориш за едно, а тоа да е засебно од другото.

Перцепција

Оние кои ракополагаат на овој простор и време, секако дека ставиле шепа и на слобода-љубов затоа што неконтролираната воља на слободен избор носи сосем непредвидливи резултати кои не се во сообразност со нивните планови. Какви се? Сигурно ги знаеме, но не знаеме точно кои. Ако сакаш денес една вистина да не биде откриена, една тајна да не биде разоткриена, само пушти во оптек доволен број на параноици, тероитичари, аналитичари, суетни сервилци и затрупај ги со безброј варијабили на иста тема, а тие умислено дека владеат со суштата вистина мафтаат со барјаците за да бидат потегнати за увцето (со таков гест Наполеон ги пофалувал добрите и верни војници). Вистината ви е пред очи, но е верзирана во мала милијарда полувистини и исто толку варијаци, и што дури и да ја погодиш вистинската не можеш ама баш ништо да сториш затоа што твоите потенцијални соборци се убедени во она што сами го откриле, а кое сепак се разликува нијансирано од она што е и кои би можеле да го деградирате, еродирате, промените или свртите во некаква поинaква корист и немате доволно умствена и човечка сила со фокус за промена. Како и со теорииите за елиени, рамна земја, тајно оружје на Тесла, слетување на месчината и слични толку вулгарно нијансирани полувистини да дури и оние кои се егзактни научници ги ставаат во заблуда.

Никој не смее ниту може да ја има целосната слика.

Па и не е далеку од умот ако уште пред 6.000 години било пророкувано и најавен крај на светот, но никој, ама баш никој нема да ги знае, ниту ќе ги знае времињата кога ќе се случат. Затоа секогаш без исклуок кога ќе најдете некој тумач а-ла Ванѓа,  Нострадамус или теоретичар на истичното и слично, ако веќе не е демонологија тогаш е лабораториски субстрат за вистината, што и не е далеку од она што ни е пророкувано. Затоа денес имаме ултра-поделеност во секој сегмент во оваа цивилизација, па и нашево експериментално општество, леви-десни, бојкотирам–гласам, албанци-македонци, атеисти–теисти, бањати-небањати, јувентус-барса, партизани-германци … сите сме исти кои самобендисано се умислуваме дека сме во право, а во суштина сме глувци во лабораториски лавиринт каде се споделуваат сите ефекти на разни дразби кои пак подоцна на поголеми примероци се применуваат, целосно или во сегемнт. Но има само една вистина која засега останала во своја колку толку чиста форма бидеејќи не навлегува во сегментот на гео плановите – Божјата вистина. Иако имаме 300 религии, запоменете, не може сите да се во право. Само една ја говори вистината. Вие, низ тежок процес на спознавање ќе треба да откриете. Зошто? Затоа што спонзието за Бог е љубовта, а таа ослободува, колку и да е патос, а Е патос писаниево оти толку многу е верглана да кај заситен конзумент со матерјалното едноставно губи значење. Оваа нарација е само збир на зборови кои треба да имлицираат една возвишена емоционално-интелектулана состојба за надвисување над матерјалното и тривијалното – нешто незамисливо кога знаеш дека за пар месеци искача новиот модел на мобител кој те дразни како сески девојка на твојата омилена ертоска литаратура.

Но што со ова?

Ќе си помислиш, кога знаеш се, ќе постапиш правилно! Ах, ароганција, можеш само да претпоставиш, како и за секој процес кај нас, еве за шарениот кондомитет. Шарената револуција беше наша ексклузива? Донекаде, таа започна со борбата против Милошевич, но еволуираше и сега се применува во САД против Трамп. Но, дали е тоа судир лево-десно, праведно-неправедно? Не! Се е тоа само контрола, еден импулс делува, овака, друг онака, само се бара топовско месо кое ќе го споведе за заклуоци кој ќе се употребат за било која идна интервенција. Кај нас беа шарените, во светот лгбт, потоа разни здруженија на љубеители на кучиња, мачиња, дечиња и секаква можна перверзија ќе ни биде ставена на тест, нам или на светот, за да се задржи контролата и во прекрасна обланда на демократија, емпатија, сочувство … нема поголем хуманист од Сатаната-да е јасно и без двојба.

Со каква цел?

Ах, колку ги сакам оние умислени кои џандари им даваат информации, а овие убедени дека Господ го виделе па небаре ко Мосије со стапот маваат и мана паѓа под небото, а в раце им се заповедите. Какава прелест!!! Дали успевам да допрам до вас да се ококоорите и да се фатите за половината? Да не ви фали бубрег, алоо! Ви смеинја име? Дајте проверете и да не ви фали уште некој внатрешен орган оти и тоа нема да ме чуди затоа што сеуште се актуелни теориите за елиен абдакшн – класични лсд трипови каде нови органи се менуваат со стари.

„Змијско јајце“ е сегмент кој ни е октриен само колку да се чувстувуаме дека сме умни и интелигентни и дека не можат да не’ манипулираат. Како Нео во кадичката сме на Матриксот. Убедени дека светот околу нас е реален и дека се знаеме и дека имаме контрола, но секому му се случува Дежа Ву, тоа е суптилниот шепот од Бога кој ви вика – ослободи се! Ослободи го умот и срцето и вечноста е твоја. Како што не може време без простор, така и вечноста не може без ум и срце. Во што ќе се вложите тогаш? Превртевте со очи? Добро е, ионака пишувам себе за сведоштво и срамно би било на овој век и овој народ бурекојадач ем свињадебела да му ги отвори очите оти и сам сум прв меѓу слепците

Христос воскресе!

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.