Перез му го понуди Коентрао на Галијани

Шпанските медиуми пред неколку часа ја пласираа информацијата дека претседателот на најтрофејниот клуб во Примера дивизион, Реал (М), Флорентино Перез, во текот на вчерашниот ден остварил телефонски контакт со големиот пријател, потпретседателот на Милан, Адријано Галијани и дека за време на истиот му ги понудил услугите на португалскиот интернационалец, Фабио Коентрао.

Офанзивниот бек може да биде достапен за понуда не помала од 15 мил. евра, но главниот оперативец на „росонерите” го информирал Перез, дека Милан сака прво да го позајми Коентрао, а потоа, на крајот од сезоната да биде откупен договорот на поранешниот фудбалер на Бенфика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.