Перински бара извинување од Арсовска

Донеодамнешниот директор на скопското комунално претпријатие „Водовод и Канализација“, Златко Перински, во средата преку социјалните мрежи побара извинување од градоначланичката Данела Арсовска, поради, како што рече наведување невистинити тврдења во врска со неговата работа.
„Во понеделникот, од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, беа изнесени повеќе невистинити тврдења за факти штетни за мојата чест и углед, кои што потоа се пренесени преку соопшение за јавност од Град Скопје.
Целосно манипулација и лага се тврдењата на Арсовска, дека на било
каков начин сум демонстрирал самоволие и несоодветно постапување, во постапка за милионски тендер.
Вака објавените информации се целосно неточни и претставуваат клеветничка изјава, која го нарушува мојот углед и чест. Како човек секогаш сум работел одговорно, професионално и со одлични резултати зад мојот минат труд, и нема да дозволам вакви навреди и институации.
Барам Арсовска јавно да се извини, во спротивно, доколку не постапите по ова барање, во законски предвидениот рок од 48 часа, ќе поднесам тужба за утврдување граѓанска одговорност за клевета“, се наведува во објавата на Перински.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.