Перински: Марин со нула денари за економски развој, а 300.000 евра за софтвер во Општина Аеродром

Работењето на Златко Марин за минатата година изгледа вака:

× Срамни 31 % капитални расходи за цела 2020 година;

× Срамни 32 % расходи за комунални дејности, т.е градба на паркови, патишта, канализации и водоводи;

× 0 денари за локален економски развој на општината;

× Извонредни 300.000 евра за набавка на софтвер за геогравски информациски систем од кој ниту еден жител на Аеродром нема фајде.

Сега е добро време Златко Марин да им објасни на граѓаните на Аеродром зошто 300 000 евра за набавка на софтвер се поважни од обезбедување на чист воздух и пристојни услови за живот…, пишува на својата Фејсбук страница Златко Перински, шеф на кабинет на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.