Перишиќ заминува од Интер во Баерн

93

Фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ, следната сезона се сели од Џузепе Меаца, и се враќа во Бундеслигата, најверојатно во Баерн Минхен, пишуваат италијанските медиуми.

Иако зад себе има значително добра сезона, Хрватот не ужива доверба кај новиот тренер Антонио Конте и набргу по примерот на Наинголан и Икарди, ќе треба да го напушти италијанскиот клуб.

Истите извори како потенцијални купувачи на Перишиќ ги наведуваат Рома, потоа Монако, а од Баварија пристигнуваат вести дека во своите редови го сака и Бајерн предводен од неговиот сонародник Нико Ковач.

Наводно, клубовите се многу блиску до договор во врска со одштетата, па се чека позитивен одговор на Перишиќ за да се заврши работата околу трансферот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.