Перо Антиќ во трка за челното место во кошаркарската асоцијација

50

Единствениот македонски кошаркар кој досега настапувал во НБА лигата, Перо Антиќ, е еден од кандидатите за наследник на Петар Наумоски на функцијата претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), чиј мандат истекува годинава.

Поранешниот капитен на националната селекција во изминатите години често влегуваше во конфликт со Наумоски, за сега во ТВ-емисијата „Улица Македонија“ отворено да признае дека има претседателски амбиции.

„Првпат кажувам јавно дека ќе се пријавам да бидам прв човек на македонската кошарка“, рече Антиќ во споменатата емисија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.