„Перспективи на планинскиот туризам“: Споделени позитивни искуства од минатото и замрени проекти од сегашноста

Централната комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ денес на терен во Крушево.

На трибината со наслов „Перспективи на планинскиот туризам“ се споделија бројни позитивни искуства од минатото, замрени проекти кои мора да се возобноват и нови, креативни предлози и идеи за идниот развој на Крушево како туристичка дестинација.

-Низ конструктивна дебата со чинителите и засегнатите страни ги констатиравме недостатоците и слабостите, како и начините на кои планиране да ги надминеме истите. Во претстојниот период Централна комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на средби со граѓаните, сѐ со цел нивните потреби и идеи да бидат вградени во предизборната програма, а веднаш по формирањето на новата влада да се пристапи кон реализација на проекти кои ќе го издигнат туризмот на заслуженото ниво, велат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.