Перу првпат по 44 години во финалето на Копа Америка

Фудбалската репрезентација на Перу е вториот финалист на јужноамериканското првенство, откако ноќта кон четвртокот во Порто Алегре ја совлада со 3:0 селекцијата на бранителот на последните две титули Чиле.

Перу, така, првпат по 44 години ќе се бори за титулата првак на Јужна Америка, и тоа против домаќинот Бразил и воедно го прекина сонот на Чиле за трета последователна титула во најстарото фудбалско меѓународно натпреварување на светот.

Веќе во првото полувреме Перуанците водеа со 2:0, со погодоците на Едисон Флорес во 21 и Јошимаро Јотун во 38 минута. Капитенот на перусанската селекција Пауло Гереро во 90 минута го постави конечниот резултат, а Чиле пред крајот на дуелот имаше шанса да постигне погодок, но Едуардо Варгас не реализираше пенал.

Финалето на Копа Америка меѓу Бразил и Пери ќе се игра во недела, додека ден претходно во борната за третото место ќе се соочат Аргентина и Чиле.