ВИДЕО: Перу го освои третото место на „Копа Америка“

ВИДЕО: Перу го освои третото место на „Копа Америка“

Репрезентацијата на Перу го освои третото место на „Копа Америка“ откако ноќеска го победи Парагвај со 2:0.

Перуанците кои двапати биле шампиони на ова натпреварување, по осми пат успеваат да го освојат третото место.

Двата гола беа постигнати во вториот дел. Најпрвин Андре Кариљо во 48.минута донесе водство од 1:0, а конечните 2:0 ги постави Паоло Гуереро во 89.минута. Ова за Гуереро беше гол број 4 на шампионатот и се изедначи на листата на стрелците со лидерот Едуардо Варгас од Чиле.

Вечерва на Националниот стадион во Сантијаго во финалето ќе играат домаќинот Чиле и Аргентина.

Извор: Курир.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.