„Перверзии на Балканот“ е новата порно-група на Telegram

На мрежата Telegram повторно се појавила група во која лица од Балканот испраќаат интимни фотографии на девојки од Србија и околните земји, а сѐ уште нема информации дали има и девојки од Македонија.

Досега се споделени повеќе од 11.000 фотографии и снимки од девојки.

Групата „Перверзии на Балканот“, која наводно е направена од помлада жена регистрирана како Кристина, брои 26.590 членови кои секој ден си испраќаат порнографски материјали.

Во групата има „симнати“ фотографии од порно-страници, но и приватни интимни фотографии на девојки и жени од Балканот. На некои од нив има и имиња од девојките.