Пес спаси новороденче напуштено во парк

Куче од расата џек-расел спасило штотуку родено женско бебе оставено од неговата мајка во парк во Петербург, пренесува во саботата телевизискиот канал Вести.

Песот по име Мачо упорно го влечело својот стопан во делот од паркот, каде што вообичаено немало посетители. Во грмушките во чијашто близина кучето се вкопало, човекот го видел девојченцето старо само неколку часа.

Човекот се обратил за помош до припадниците на единицата Росгвардија кои патролирале во тој дел од паркот, кои повикале итна медицинска помош.

Лекарите од 17-тата детската градска болница „Свети Николај Чудотворец“, успеале да го спасат девојченцето, иако кај него имало недостиг од кислород. Според нив, бебето е сосема здраво, иако е родено предвремено. Тежи два килограма и велат дека било пронајдено само три часа откако е родено.

Полицијата истовремено започнала интензивна потрага по мајката на новороденчето. Таа може да биде обвинета за намерно изложување на дете на опасност.