Пешак настрада во судар на две возила во Битола

Шеесгодишнa битолчанка ноќта кон неделата е пренесена во Клиничка болница Битола каде од страна на доктор и’ биле констатирани тешки телесни повреди, откако настрадала во судир меѓу две возила.

Според извештајот на полицијата, несреќата се случила ноќеска околу 1,15 часот, на улицата „Смилевски Конгрес“ во Битола кога дошло до судар во кој учествувале патничко моторно возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот И.К. од Битола и патничко моторно возило „пежо партнер” исто така со битолски регистарски ознаки, управувано од една година повозрасниот А.Ј. од Битола.

Во оваа несреќа била тешко повредена нивната шеесетгодишна сограѓанка која полицијата ја идентификува со иницијалите З.Ј., на која медицинска помош и’ е пружена во битолската клиничка болница.