Пешак загина кај Кочани

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случила утринава во 6,40 часот во кочанско Прибачево на местото викано Пруга.

Според првичните информации од полицијата, автомобил „пежо“ удрил во пешак кој починал на лице место.

Идентитетот на возачот и починатото лице не се познати, а повеќе детали се очекуваат по завршување на полицискиот увид.