Пешески го напушта Металург и се сели во Украина

Пикерот на Металург, Жарко Пешевски по 16 години минати во Автокоманда го напушта клубот и заминува за Украина, каде ќе настапува за Мотор Запорожје.

Му посакаува се’ најдобро на клубот во иднина и изразува надеж дека еден ден ќе се врати во редовите на „металурзите“,

„Не сакам разделби и збогувања, па затоа велам дека ова со Металург е само довидување до следно видување. Металург е сместен во посебно место од моето срце и јас му посакувам се најдобро. Сега правам нов исчекор во мојата професионална кариера и се надевам дека повторно ќе имам одлична сезона, каква што ми беше и оваа“ вели Пешевски во изјвата објавена на интернет страницата на РК Металург.